Лидерите на ЕУ не успеаја да го убедат унгарскиот премиер Виктор Орбан да ја повлече блокадата на заемот од 90 милијарди евра за Украина, пренесе „Гардијан“. Финансирањето е оценето како клучно за воена и економска поддршка.
Незадоволството меѓу европските лидери е изразено јавно, при што некои го обвинија Орбан за „лоша волја“ и дури за „предавство“. Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта оцени дека однесувањето на Унгарија е „неприфатливо“.
Орбан одбива да ја поддржи одлуката сè додека Украина не овозможи испорака на нафта преку нафтоводот „Дружба“, кој, според Киев, е оштетен од руски напад.
Спорот се случува во чувствителен момент, кога ЕУ се обидува да обезбеди итна финансиска поддршка за Украина, додека самитот во Брисел е засенет од оваа криза и од пошироките геополитички тензии.








