[ВИДЕО] Интернетот е „преплавен“ со негови снимки од улиците на Флорида, сега се огласи: „Луѓе јас не сум Џефри Епстин“

Точка

21/03/2026

15:00

416

Големина на фонт

а а а

Откако беа објавени бројни документи на Министерството за правда на САД поврзани со Епстин, на интернет кружат снимки, најчесто направени со вештачка интелигенција, на кои луѓето се убедени дека осудениот сексуален престапник Џефри Епстин всушност е жив.

Тој наводно бил „снимен“ на неколку места, но едно видео било вистинско и станала вирално, а на кое се гледа маж додека вози, па повеќето луѓе биле убедени дека станува збор за Епстин. Сега и самиот се огласи.

Мажот од Флорида, кој станал вирален поради својата неверојатна сличност со покојниот Епстин, проговорил за сè и се осврнал на тоа како преку ноќ станал вирален. Во неодамна објавеното видео се гледа маж со бејзбол капа свртена наназад како вози по автопат на Флорида во кабриолет со спуштен покрив. Човекот кој го снимил видеото рекол: „Епстин е жив. Епстин е жив!“

Двојникот на Епстин им се обратил на сите додека возел: „Здраво на сите, овде е Палм Бич Пит. Моето видео стана вирално затоа што некој тип случајно ме снимил додека возев по автопатот I-95, а јас воопшто не знаев за тоа. И следното на што се сеќавам е дека станав вирална сензација. Го оставив телефонот настрана околу четири часа и немав поим дека ми ’експлодира‘ поради сите овие коментари за видеото. Значи, привлече многу внимание. Прилично е лудо. Благодарам“.

„Значи, не сте Џефри Епстин?“ прашал мажот зад камерата. „Не сум Џефри Епстин. Јас сум Палм Бич Пит“, одговорил тој.

Потоа гостувал и во поткаст, каде што со воодушевување објаснил дека одел на тенис кога некој го снимил. Подоцна, како што рекол, сфатил дека сите зборуваат за него, а кога отишол во ресторан, луѓето почнале да бараат фотографија со него и да го прашуваат: „Дали сте вие оној вирален двојник на Џефри Епстин?“ Изгледа дека овие пет минути слава на овој „Палм Бич Пит“ и не му пречеле многу.

Но, социјалните мрежи брзо беа „преплавени“ со коментари под неговото видео: „Тоа е токму она што би го рекол Џефри“, „Обожавам што овој човек навистина им одговори на гласините“, „Да личиш на Епстин е веќе грубо, ама и да звучиш како него?“, „Не знам, јас не ти верувам“ се само дел од коментарите.

Потсетуваме, Епстин почина во затворска ќелија на Менхетен во 2019 година, во она што властите тврдат дека било самоубиство. Минатата година Конгресот донесе закон со кој му се наложува на Министерството за правда да ги објави сите досиеја за Епстин, а беа редигирани само имињата на жртвите.