Ворнок загрижен за Ливерпул: Ако играат вака со ПСЖ, ќе загубат со…

Дерби

22/03/2026

13:19

309

Големина на фонт

а а а

Ливерпул бележи загрижувачки резултати во Премиер лигата и му престои жестока битка за пласман во Лигата на шампионите во наредната сезона.

Добра вест за „црвените“ што и конкурентните се во сличен ритам и не можат да врзат серија на добри партии, пример за тоа е Челси, Астон Вила, но сите овие клубови ќе треба да погледнат назад затоа што некои тимови добро напредуваат и можат да бидат сериозна конкуренција, тука е Евертон, а не треба да се отпише ниту Њукасл кој нема повеќе обврски во Европа и со некоја победничка низа може да се вклучи во трката за топ 5.

Тоа е што е јасно е дека Ливерпул мора да ја крене формата затоа што му престои и предизвик со ПСЖ во четвртфиналето на Лигата на шампионите. Поранешниот дефанзивец на премиерлигашот, Стивен Ворнок ги предупреди избраниците на Слот дека мора да бидат на далеку повисоко ниво затоа што можат да доживеа дебакл против европскиот шампион.

-Ако одат во Париз во оваа состојба и играат вака, тогаш би можеле да завршат со 10-0 против ПСЖ. Го кажувам ова за да илустрирам колку лошо играа. Брајтон имаше многу шанси и не ги искористи, но ПСЖ ќе биде многу попрецизен и нема да промаши толку многу голови. Многу, многу сум загрижен за Ливерпул, -рече Ворнок.