ДУИ: Од 40 унапредувања во Централниот регистар нема ниту еден Албанец, бараме појаснување на критериумите

Макфакс

23/03/2026

13:07

97

Големина на фонт

а а а

40 унапредувања во Централниот регистар. Нула за Албанците. Демократската унија за интеграција го смета овој развој како сериозно прекршување на принципот на правична застапеност и алармантен сигнал за начинот на кој се третираат Албанците во државните институции, велат од партијата.

„Во јавна институција каде се реализирани 40 унапредувања, фактот дека ниту еден Албанец не е унапреден јасно покажува дека застапеноста повеќе не е стандард, туку исклучок. ВЛЕН, како дел од владата, сноси директна одговорност за оваа состојба. Додека правата на Албанците треба да се штитат, тие избраа да молчат“, се наведува во соопштението.

ДУИ бара итно појаснување за критериумите и процедурите на овие унапредувања, како и, како што се наведува во соопштението, преземање конкретни мерки за обезбедување правична и еднаква застапеност.

„Албанците не можат да бидат третирани како невидливи во институциите на оваа држава“, велат од ДУИ.