СДС да одговори дали еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле кај нивниот нов ПР шеф Башановиќ, вели Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Куќниот пријател на Заев и негов личен советник, Зоран Башановиќ, кој сега е шеф на центарот за лаги и манипулации на СДС, според извори од неговата матична држава, се вели дека еден и пол милион евра од аферата „Рекет“ завршиле токму кај него. Српските медиуми, освен Заев, го поврзуваа и Башановиќ како еден од учесниците во аферата „Рекет“, а како што се вели во еден српски портал, во снимен инкриминирачки разговор, Башановиќ вели дека сега е време се да се наплати, и дека конечно е дојдено времето да биде полн како брод“, вели Манасиевски.
Освен овие еден и пол милион евра, додава Манасиевски, имаме сведоштва за тоа дека рекетираните пари завршиле кај Зоран и Вице Заеви.
„Од СДС треба и да одговорат зошто секогаш кога некој ќе биде „истеран“ од сопствената држава, како што беше случајот со Онишченко и овој со Башановиќ, а истите се сомничат за криминали и коруптивни случаи, Заев и Филипче ги вдомуваа во државата или во нивната партија“, рече тој.
Според Манасиевски, во СДСМ се потребни реформи и чистење на криминалците и корумпираните функционери. Во спротивно, додаде тој, на следните избори СДС ќе го достигне дното и би се нашле под 100.000 гласови.








