Унгарскиот министер тврди дека не е вистина оти ѝ давал тајни информации на Русија

Макфакс

23/03/2026

17:44

196

Големина на фонт

а а а

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто ги отфрли обвинувањата дека со години споделувал доверливи информации на Европската Унија со Русија, нарекувајќи ги лажни и манипулативни, пренесе агенцијата „Анадолија“.

„Како и секогаш, лажни вести“, напиша тој на мрежата „Икс“, додавајќи дека станува збор за украинска пропаганда со цел да се поддржи опозицијата пред изборите во Унгарија.

Обвинувањата, објавени во „Вашингтон пост“ и пренесени од европски медиуми, тврдат дека Сијарто го информирал рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за затворени дискусии на состаноците на ЕУ.

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека веќе долго има сомнежи за вакви активности.

Од Европската комисија порачаа дека обвинувањата се исклучително загрижувачки и побараа објаснување од Унгарија.