Севилја го отпушти Алмеида

Макфакс

23/03/2026

18:31

167

Големина на фонт

а а а

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севилја му врачи отказ на тренерот Матијас Алмеида (53), објави андалузискиот клуб.

Поранешниот репрезентативец на Аргентина доби отказ по поразот од Валенсија (0-2), по што Севилј падна на 15-то место во Примера со 31 бод, три повеќе од зоната за испаѓање.

Алмеида ја презеде Севилја во јуни оваа година и во 32 натпревари постигна само десет победи.

Аргентинецот ја започна својата тренерска кариера во Ривер Плата во 2011 година, а исто така ги водеше и Банфилд, Гвадалахара, Сан Хозе Ертквејкс и АЕК Атина од 2022 до 2025 година пред да се приклучи на Севилја