Возач со „бмв“ избегал по судир во Скопје: 56-годишник тешко повреден

Макфакс

23/03/2026

18:33

232

Големина на фонт

а а а

Педесет и шестгодишен скопјанеце тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Методија Андонов – Ченто“ во Скопје, по што другиот возач го напуштил местото.

Несреќата се случила на 22 март околу 13:30 часот, кога се судриле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Р., и патничко возило „бмв“ со кумановски регистарски ознаки.

По судирот, возачот на „бмв“ го напуштил местото на настанот.

Во несреќата, З.Р. се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 22:00 часот, а од полицијата информираат дека се преземаат мерки за негово расчистување.