[ВИДЕО] Живот без филтер, искрена исповед на Игор Џамбазов: „После сѐ што си приредив сам во животот, смогнав снага, повторно сум на нозе“

Точка

24/03/2026

10:17

1.307

Големина на фонт

а а а

Во време кога искреноста станува реткост, Игор Џамбазов без задршка го отвори срцето и ја раскажа својата животна приказна – онаква каква што навистина е. Без филтри и без глума, тој проговори за падовите што го обликувале, за тишините низ кои минувал и за силата што ја пронашол во себе кога било најтешко.

Неговото обраќање не е само ретроспектива на еден бурен пат, туку и потсетник дека секое „дно“ може да биде почеток на ново и посилно издигнување.

Кој е неговиот наголем успех?

✨„Тоа што сум жив. Веројатно нема поголем успех од тоа, после сè тоа што ми се случи во животот, што сам си го приредив, ете смогнав снага, повторно сум на нозе, повторно сум обожуван, популарен, баран. И нема подобра сатисфакција за еден уметник од тоа да си траеш толку многу“, изјави познатиот актер и шоумен за телевизија „Хајп“.

Тој се наврати и на своите почетоци, кога уште како дете ја почувствувал сценската магија, станувајќи препознатлив лик преку улогата на Трајче дрварчето во серијата „Волшебното самарче“.

✨„Јас сум ѕвезда од 12 години, значи 50 години сум ѕвезда, но ете луѓето сè уште ме сакаат, ме препознаваат по улица, сакаат да се сликаат, сакаат да ме прашаат нешто, сакаат нешто да ми предложат. Тоа е само знак дека сум им влегол под кожа, дека со нешто сум ги освоил. Јас мислам дека тоа беше мојата искреност, уште од најмлад актер бев многу искрен. Никогаш не сум ја лажел публиката и еве после толку години таа сè уште ми верува и јас сум пресреќен заради тоа“, изјави Џамбазов.