ДУИ бара одговорност од Мицкоски: Кога во јавна институција се исклучува една заедница, тоа укажува на нарушување на принципот на правична застапеност

Макфакс

24/03/2026

13:30

178

Големина на фонт

а а а

По објавувањето на фактите дека во Централниот регистар се реализирани 40 унапредувања без ниту еден Албанец, ова прашање повеќе не може да се третира како административен пропуст. Ова е сериозен чин што бара итна одговорност, велат од ДУИ.

„Кога во една јавна институција целосно се исклучува една заедница, тоа укажува на еднострано одлучување и директно нарушување на принципот на правична застапеност.

Поради тоа бараме:

Итна оставка од директорката на Централниот регистар, како минимален чин на одговорност.

Политичка одговорност од Премиерот, бидејќи ваквиот пристап создава перцепција на повторлива практика што ја нарушува довербата во институциите.

Директна одговорност од претставниците на ВЛЕН во Владата, кои не успеаја да ја заштитат правичната застапеност и на најјасен начин покажаа како не треба да се претставуваат граѓаните. Бараме нивна итна оставка“.

Ваквиот начин на постапување, додаваат од ДУИ, создава реални последици врз општествената кохезија и функционирањето на мултиетничка држава.

Ја повикуваат меѓународната заедница внимателно да ги следи овие случувања и како што велат, да реагира превентивно.

„Особено, ја повикуваме Мисијата на ОБСЕ во Скопје да биде на нивото на својата задача и да ги активира механизмите за рана реакција и предупредување што ги има на располагање, со цел да се адресираат ситуации кои го засегаат принципот на еднаква застапеност и правата на заедниците.

Јавните институции треба да ја одразуваат структурата на општеството на кое му служат.