Маж од Гостиварско следел 36-годишна жена и нејзината малолетна ќерка, им упатувал закани и им барал пари

Макфакс

24/03/2026

14:18

162

Големина на фонт

а а а

Синоќа во 22:00 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Галате го лишија од слобода Г.А.(45) од селото.

Полицијата постапила по претходна пријава од 36-годишна жена дека неа и нејзината малолетна ќерка ги следел, вознемирувал им упатувал закани и им барал пари.

Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.