Во заедничка акција на чешката полиција, Вишото јавно обвинителство во Оломоуц, кое ја води истрагата, Европол, Интерпол и единицата на УЕФА против наместени натпревари, утрово во Чешка започна голема операција во која беа приведени повеќе од 50 лица.
Во тек е истрага поради сомневање за наместени натпревари за спортски цели на клубовите, како и наместени натпревари на пазарот на Далечниот Исток.
Истрагата започната во 2023 година, кога полицијата почна да следи одредени лица поради индиции што водат до обложувалницата во Азија, со текот на времето донесе откритија и докази.
Беше откриено дека клубовите ги местеле натпревари во лични договори и без обложување како крајна цел. Се сомнева дека одредени структури од ФС на Чешка се обиделе да ги предупредат одредени лица и клубови за тајната истрага уште во мај.
Претседателот на Чешката федерација, Давид Трунда, утрово свика итен состанок на Извршниот одбор.
„Оваа акција не загрижува никого од раководството на Чешката фудбалска федерација. УЕФА е информирана за сè и го пофали нашиот пристап во целата приказна. Вкупно 47 лица се соочуваат со истрага. Ќе направиме сè за да се осигураме дека мафијата за обложување ќе исчезне од чешкиот спорт“, изјави кратко Трунда за чешките медиуми. и Матеј Хибле. Карвина е единствениот клуб од првата лига вклучен во овој скандал.
Службеникот за интегритет во ФС на Чешка, Камил Јавурек, исто така беше на прес-конференцијата.
„Соработката помеѓу ФС на Чешка и полицијата е долгорочна и токму Федерацијата го иницираше алармирањето на полицијата. Јасно ми е дека има многу прашања, но поради истрагата не можеме да откриеме повеќе детали бидејќи акцијата е сè уште во тек. Исто така, спроведуваме внатрешна истрага во соработка со УЕФА и колегите од странство.“
Истрагата се води за местење натпревари, корупција и поткуп. Повеќето од уапсените доаѓаат од регионот Моравија.
Медиумите дознаа дека меѓу осомничените се судиите Мирослав Зелинка, Јан Петрик, Јан Вшетечка и Симон Вејташа, како и службените лица Мартин Латка, Павел Бима, Даниел Чернај, Томаш Линхарт и Давид Хок. Покрај Карвина, меѓу осомничените клубови се и: Злинско, Опава, Чешке Буѓевице, Хлумец и Кидлину, Хрудим, Вратимов, Усти на Орлика, Фридек Мистек…
По „калчополи“ во Италија, „црната рака“ во Белгија и големите апсења во Полска, оваа полициска акција во Чешка е најобемна и има за цел да ја среди ситуацијата во фудбалот. На пример, во 2005 година, Полјаците го исчистија својот фудбал, 450 лица беа осудени, 68 клуба беа казнети, а 683 натпревари беа означени како наместени.
Полицијата во Чешка го направи првиот удар, сега следуваат месеци и години откривање на целата криминална организација.










