Поголеми дилетанти од СДС, Заев и Филипче нема, нека одговорат зошто ја зголемуваа акцизата три пати во нивно владеење за сега да бараат да се намали, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Богданка Кузеска од СДСМ.
„Луѓе како Заев и Филипче, кои немаат кредибилитет и легитимитет во државата да говорат за мерки, проекти или пак да дадат совети за некоја политика, се најгласни во опозиција, а на власт кога беа повеќе крадеа него било што друго. Поголеми дилетанти како СДС, Заев и Филипче во историјата на Македонија немало. Три пати додека беа на власт ја зголемуваа акцизата, а да се потсетиме и дека сакаа да воведат и еколошка такса со која дополнително ќе се зголемеа цените на горивата. Дополнително, лицемерно е тоа што како власт тие го зголемија ДДВ-то за голем број прехранбени производи за денес да бараат намалување. Исто така, оваа година да ја потсетиме јавноста, дека враќаме долгови кои се наталожени од власта на СДС, Заев и Филипче во висина од 2.5 милијарди евра“, пишува во реакцијата.
За разлика од СДС, се наведува во реакцијата, ВМРО-ДПМНЕ работи транспарентно и чесно.
„Цената на горивата во Македонија со интервенција на Владата и заложбите на претседателот Мицкоски се останати исти како и минатата недела, додека во сите држави во регионот и пошироко се зголемени неколкукратно“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.








