Пејачката го донирала целиот приход од концерт, обожавателка; „Спасивте живот во моето семејство“

Точка

25/03/2026

16:45

607

Големина на фонт

а а а

Пејачката Оливија Родриго се најде во центарот на вниманието откако една обожавателка ѝ припиша заслуги за „индиректно спасување“ на животот на нејзината тетка по концертот на Филипините.

Имено, целиот приход од билетите за нејзиниот концерт бил дониран на непрофитната организација „Jhpiego“, која нуди бесплатни прегледи за рак на грлото на матката.

Во виралната објава, обожавателката кажала дека нејзината тетка дознала за организацијата „Jhpiego“ благодарение на концертот. Откако отишла на преглед, ѝ бил дијагностициран рак, па можела да започне со лекување, пренесe „Дејли мејл“.


„Отсекогаш сум била огромен обожавател на Оливија, но таа ненамерно спаси живот во моето семејство. На концертот на Филипините, мојата тетка дозна за Jhpiego, непрофитна организација за женско здравје на која Оливија ѝ го донираше целиот приход. Мојата тетка успеа да добие бесплатен преглед за рак на грлото на матката преку оваа непрофитна организација и болеста ѝ беше откриена доволно рано за да ѝ биде спасен животот. Два дена по концертот, тие организираа акција за вакцинација против ХПВ во основното училиште на мојата внука“, напишала обожавателката на социјалните мрежи.


Пејачката, чиј татко е Филипинец, настапувала во Манила во октомври 2024 година, во рамки на својата светска турнеја. Тогаш на социјалните мрежи открила дека целиот профит од билетите ќе го донира на „Jhpiego“. Во објавата рекла дека ја посетила канцеларијата на организацијата и дека била „исклучително импресионирана“ од нивната работа. Додала и дека донацијата ќе биде спроведена преку нејзината иницијатива „fund 4 good“.

Нејзината иницијатива, која била дел од турнејата, поддржува општествени групи што „се залагаат за образованието на девојчињата, ги поддржуваат репродуктивните права и спречуваат родово базирано насилство“.