Израел избриша неколку имиња од листата за отстрел: „Нема да остане никој за разговор“

Макфакс

26/03/2026

10:41

270

Големина на фонт

а а а

Израел ги отстрани иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, и претседателот на парламентот, Мохамед Бакер Калибаф, од својата таканаречена листа за отстрел, на барање на Пакистан, кој посредуваше преку Вашингтон. Оваа информација денес беше соопштена на Ројтерс од неименуван пакистански функционер, пренесува Ројтерс.

„Нема да остане никој со кого да се разговара“

„Израелците ги имаа нивните координати и имаа намера да ги елиминираат. Им кажавме на САД дека ако ги елиминираат и нив, нема да остане никој со кого да се разговара, па затоа САД ги замолија Израелците да се повлечат“, објасни функционерот.