[ВИДЕО] Најубавиот звук повторно одекна на Детската клиника: Малиот Јован заѕвони на ѕвончето во знак на победа во најважната битка

Точка

26/03/2026

16:21

371

Големина на фонт

а а а

Од Клиниката за детски болести во Скопје пристигна прекрасна вест што нѝ го разубави денот.

Малиот Јован успеа да ја добие својата најтешка животна битка и гордо заѕвони на победничкото ѕвонче на Клиниката кое означува симбол на нов почеток, надеж и неизмерна храброст.

Додека се движел кон ѕвончето, просторот бил исполнет со аплаузи од неговите најблиски, како и од медицинскиот персонал кој постојано бил покрај него и му давал сила. Со насмевка на лицето и срце полно со решителност, Јован покажа храброст и истрајност што оставаат без зборови.

Кога ѕвончето одекна, ходниците се исполнија со емоции, радосни солзи и гордост – уште еден доказ дека љубовта, грижата и вербата имаат сила да победат сè.

Денес, заедно со него слават лекарите, семејството и сите што биле дел од ова тешко, но храбро патување.

„Победничкото ѕвонче повторно силно звонеше за да слушнат сите дека нашиот суперхерој Јован храбро ја помина и ја освои тешката битка. На Јован му посакуваме многу здравје и среќно и безгрижно детство!“, порачаа од Клиниката за детски болести.