[ФОТО] Куќа од 93 метри квадратни ја „отпечатиле“ за 24 дена: Ѕидовите се отпорни на влага, штетници и оган – веднаш ставена на продажба, ова е сумата

Точка

27/03/2026

14:15

587

Големина на фонт

а а а

Објектот со површина од 93 метри квадратни бил завршен за 24 дена што значајно го забрзал процесот во споредба со традиционалните методи.

Благодарение на бетонската конструкција, куќите се отпорни на влага, штетници и пламен, намалувајќи ги трошоците за осигурување.

Калифорнискиот стартап ја завршил првата 3Д печатена куќа во округот Џуба, со што е овозможено драстично побрзо, поцврсто и економски попристапно градење на домови.

Еден калифорниски стартап постигнал историски успех во градежништвото со завршување на првата станбена зграда која целосто настанала со помош на 3Д печатач.


Овој потфат, официјализиран во февруари, служи како практичен доказ дека модерната технологија може успешно да премине „од концепт до реализација“ со целосно почитување на сите градежни нормативи и безбедносни стандарди.

Иновативно градење во округот Џуба

Наместо класична градежна екипа и традиционално поставување темели, овој објект бил издигнат со помош на индустриски роботски системи кои прецизно нанесуваат слоеви бетон еден врз друг.

Станува збор за пионерски проект во округот Џуба, сместен северно од Сакраменто каде моментално се формира мала населба од пет високотехнолошки куќи.

Објектот со површина од околу 93 метри квадратни бил завршен за само 24 дена. Во споредба со стандардните методи на градење во Калифорнија, ова претставува неверојатно забрзување на процесот.


Предности на роботската технологија и поголема издржливост

Главната моќ на проектот лежи во примена на роботскиот печатач со наслов „ARCS“ кој го развила компанијата „SQ4D“. Овој систем овозможува издигнување бетонски структури во реална големина со минимално ангажирање на човечка сила.

Освен што автоматизацијата ги намалува трошоците и количината градежен отпад, инженерите тврдат дека ваквите објекти се многу поцврсти од оние градени со конвенционални методи.


Благодарение на бетонската конструкција, ѕидовите се природно отпорни на влага, штетници и ветер, што на сопствениците можат да им донесат и поповолни услови при осигурување на куќата.

Идни планови и попристапни цени за живеење

Иако првиот модел бил печатен подолго од три недели, експертите од компанијата веруваат дека наредните објекти ќе можат да бидат завршени за 10-на дена, пренесува „New York Post“. Тимот е веќе во фаза на подготовка за нови проекти:

„Веќе се подготвуваме да „печатиме“ дополнителни куќи на истото место, применувајќи го наученото досега за да ја подобриме ефикасноста, координацијата и брзината“.

Целта на проектот е куќите да се понудат по пониски цени од моменталните. Првата готова куќа веќе е огласена за продажба по цена од 375.000 долари.