Холивудскиот актер Бред Пит и понатаму е совршен за многумина жени, а од првиот ден на врската со 28 години помладата Инес де Рамон, актерот драстично го промени својот стил.
Сите забележаа дека Пит почна да се облекува поинаку и тоа добро му прилегаше, а сега накусо ги загрижи обожавателите кога се појавија неговите најнови фотографии.



Во непрепознатливо издание, со разбушавена коса, крвав, но насмеан, ги поздрави обожавателите во Амстердам, каде што моментално престојува поради снимањето на филмот „The Riders“.

Оние што не знаеја дека станува збор за снимање филм, беа прилично загрижени за изгледот на актерот и речиси воопшто не го препознаа. Со оглед на тоа што сега е во Европа, паузата од снимањето ја искористи и да ја посети Атина со својата избраничка, каде што уживал во возење со брод.

„И вака валкан и измачен, повторно е совршен“, „Едвај го препознав“, „Секоја чест за трансформацијата“, „Никогаш не би рекла дека ова е тој“, беа дел од коментарите на социјалните мрежи.