Времето утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд со послаб интензитет и услови за изолирана појава на ретки грмежи. На некои од повисоките места врнежите ќе бидат од дожд и снег, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.
За време на викендот и во првите денови од следната седмица ќе се задржи променливо облачно време со локални врнежи со послаб интензитет. Нови пообилни врнежи повторно се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда. Во недела и во среда ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец.








