Мајкл Карик веќе неколку месеци ја извршува функција менаџер на Манчестер Јунајтед, функција на која дојде по отказот на Рубен Аморим и кратката епизода на Дарен Флечер.
Карик успеа да донесе добри резултати за „црвените ѓаволи“ со тоа што единствениот проблем беше кога екипата мора во рок од неколку дена да одигра два натпревари, во двата случаа Јунајтед освои едвај еден бод и тоа против Вест Хем, додека загуби од Њукасл со играч повеќе на теренот.
Меѓутоа учинокот од седум победи, две нерешени и еден пораз покажува дека Мајкл одлично си ја врши својата задача, но останува дилема дали и ова ќе биде доволно да добие перманентен договор од клубот.
Во меѓувреме многу легенда, познати асови на „Олд Трафорд“ го искажаа својот став на тема, а сега до збор дојде и легенданрниот Дејвид Бекам.
-Да, морам да признаам, последните неколку месеци беа многу поудобни од последните 10 години, да бидам искрен. Беше тешко во тој период. Но, мислам дека Мајкл има искуство. Мислам дека има смиреност што ја внесе во клубот. Го познава клубот. Ги познава играчите. Го знае начинот на кој игра Манчестер Јунајтед и начинот на кој треба да игра Манчестер Јунајтед.
-И отсекогаш ми се допаѓал Мајкл како тренер. Кога ќе го погледнете, има смиреност. Има, од страната на теренот, има, не сакам да кажам елеганција бидејќи не сум сигурен дека тоа е правилното нешто што треба да се каже, но има елеганција во начинот на кој е, без разлика дали е тоа начинот на кој слави, без разлика дали е тоа начинот на кој се лути.
-Знаете, сите тие работи се важни кај еден менаџер. И мислам дека начинот на кој го собра тимот и го состави беше, беше неверојатен. И мислам дека како навивач на Јунајтед, тоа е токму она што ни требаше, -порача Бекс.








