Министрите за одбрана на Франција и Италија загрижени за влошената безбедносна состојба во Либан

Макфакс

31/03/2026

13:12

121

Големина на фонт

а а а

Министрите за одбрана на Италија и Франција, Гвидо Кросето и Катрин Вотран, денес изразија длабока загриженост за влошувањето на безбедносната состојба во Либан.

Во заедничка изјава, Кросето и Катрин Вотран посебно посочија на неодамнешните напади во Либан врз членовите на мировната мисија на Обединетите нации.

Ваквите инциденти и зголемената опасност со која се соочуваат членовите на мисијата на ОН се неприфатливи, рекоа Кросето и Катрин Вотран.

Тие рекоа дека мисијата на ОН има стратешко значење и дека стабилноста на Либан е основа на рамнотежата на целиот Медитеран, пренесува АП.