Велешанец зел 4.000 евра од 76-годишен неготинец за да му ги покаже на друго лице и да докаже дека еврото е валидна валута во земјава.
Полицијата поднесе кривична пријава против А.С.(67) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
На 19.02.2026 во Неготино, пријавениот од 76-годишен неготинец побарал 4.000 евра за да му ги покаже на друго лице, со цел да докаже дека еврото е валидна валута во земјава, по што не му ги вратил парите.
Набргу, по преземени мерки пријавениот е пронајден и уапсен, по што во службен разговор во полициска станица тој го признал делото, а било извршено и препознавање од оштетениот.








