Тинејџер меѓу уапсените за палење возила на брза помош на еврејската заедница во Лондон

Макфакс

01/04/2026

16:36

162

Големина на фонт

а а а

Тројца осомничени – двајца мажи на 19 и 20 години и 17-годишен тинејџер – се уапсени поради сомнеж дека подметнале пожар на возила за Брза помош на еврејска хуманитарна организација во северен Лондон, пренесе „Гардијан“.

Полицијата соопшти дека сите тројца се приведени поради сомнение за заговор за подметнување пожар со намера да се загрози животот и се наоѓаат во притвор.

Нападот се случил на 23 март во квартот Голдерс Грин, кога биле запалени четири возила на организацијата „Хацола Нортвест“, која обезбедува бесплатна медицинска помош.

Истрагата ја води антитерористичката полиција, а случајот се третира како антисемитски злостор од омраза. Двајца претходно уапсени (на 45 и 47 години) се пуштени со кауција.

Полицијата соопшти дека е зголемено присуството на терен за да се заштити заедницата, особено во пресрет на празникот Пасха.