Трамп најави удари врз инфраструктурата, Иран возвраќа со закана за енергетски и телекомуникациски цели

Макфакс

03/04/2026

11:30

166

Големина на фонт

а а а

Иран се закани дека ќе гаѓа енергетска инфраструктура и телекомуникациски компании во регионот поврзани со американски капитал, доколку САД продолжи со закани за напади врз иранските електрани, пренесе „Прес ТВ“.

Портпаролот на иранската војска, Ебрахим Золфагари, изјави дека Техеран ќе одговори на секој таков потег и дека потенцијални цели може да бидат клучни сектори во земји од Блискиот Исток каде што работат компании со американски акционери.

Тој додаде дека мета може да станат и големи технолошки системи, што би го проширило конфликтот надвор од директната воена зона.

Овие закани доаѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп на Truth Social напиша дека американската војска „сè уште не започнала“ со напади врз клучната инфраструктура во Иран.

„Следни се мостови, потоа електрани“, напиша Трамп, додавајќи дека „новото раководство знае што треба да направи“.