[ВИДЕО] Кузеска обвинува дека обвинителот Савески работи по диктат на Мицкоски: „Правдата е погребана“

Макфакс

03/04/2026

13:05

131

Големина на фонт

а а а

На прес-конференција на СДСМ, портпаролката и членка на ИО Богданка Кузеска упати серија обвинувања кон новиот јавен обвинител Ненад Савески, тврдејќи дека работи под влијание на премиерот Христијан Мицкоски.

„Наместо независно, имаме партизирано судство и обвинителство под контрола на Мицкоски и ВМРО-ОКГ. Правдата во Македонија е целосно погребана“, рече Кузеска.

Според Кузеска, Савески „за 24 часа ги исполнил задачите“ што му биле поставени, посочувајќи дека била елиминирана обвинителката Ленче Ристовска, која, како што рече, била независен професионалец и соработувала со Еуроџаст.

Таа наведе дека ѝ биле одземени предметите „Талир 1“ и „Талир 2“, поврзани со, како што кажа, незаконско финансирање и имот.

Кузеска обвини и дека претходно биле преземени низа одлуки во обвинителството, меѓу кои укинување на суспензии и кадровски решенија кои, според неа, укажуваат на политичко влијание.