[ВИДЕО] Погледнете ги реакциите кога на патниците во авион им било соопштено дека БиХ се пласирала на Мундијалот

Точка

03/04/2026

13:50

584

Големина на фонт

а а а

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во вторникот се пласираше на Светското првенство. Избраниците на Сергеј Барбарез ја победија Италија по пенали, а резултатот беше 4:1.

По триумфот следеше неверојатна прослава низ цела Босна и Херцеговина, а интересното видео доаѓа од необична локација.


Имено, на социјалните мрежи се споделува видео од авион, каде што на патниците им било соопштено дека Босна и Херцеговина изборила пласман на Светското првенство, по што следела голема прослава во авионот.

„Едно од најубавите чувства во животот. Некаде над Германија на летот за Тузла добивме информации во авионот дека нашата репрезентација на Босна и Херцеговина се пласирала на Светското првенство“, е наведено под видеото.

Да потсетиме, Змејовите ќе играат на Мундијалот во група Б, заедно со Канада, Швајцарија и Катар.