Пет министри од ЕУ бараат данок на екстра добивка за компании кои профитираат од кризата

Макфакс

04/04/2026

11:49

147

Големина на фонт

а а а

Пет министри за финансии од членки на ЕУ побараа воведување на данок на екстра добивка за енергетските компании поради зголемувањето на цените на горивата, предизвикано од војната на Блискиот Исток, јавува Ројтерс.

Во писмо до Европската комисија, министрите од Германија, Италија, Шпанија, Португалија и Австрија истакнуваат дека оваа мерка „ќе испрати јасна порака дека оние кои профитираат од последиците на војната мора да дадат свој придонес за да се олесни товарот врз граѓаните“.

Цените на нафтата и гасот значително пораснаа откако конфликтот со Иран доведе до практично затворање на Ормутскиот теснец, поради што владите ширум светот почнаа да воведуваат итни мерки за да ги ограничат последиците врз потрошувачите и економијата.