Кремљ: Безбедноста на „Турски тек“ е приоритет по инцидентот во Србија

Макфакс

06/04/2026

13:13

145

Големина на фонт

а а а

Засега нема веродостојни докази за тоа кој би можел да стои зад обидот за напад врз гасоводот во Србија, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Знаеме дека засега нема веродостојни докази за тоа кој би можел да стои зад обидот за напад врз европскиот дел од оваа витална енергетска артерија, која моментално функционира под екстремен притисок“, рече Песков, коментирајќи ја ситуацијата околу гасоводот „Турски тек“, пренесува Спутник.

Тој, исто така, рече дека „киевскиот режим постојано напаѓал“ делови од гасоводите „Турски тек“ и „Син тек“, нагласувајќи дека ситуацијата е исклучително опасна.

„Ситуацијата е потенцијално многу опасна. Знаеме дека инфраструктурата, различните делови од инфраструктурата и на „Турски те“ и на „Син тек“, постојано се напаѓани од киевскиот режим“, рече Песков, коментирајќи ја ситуацијата во врска со гасоводот.

Тој додаде дека Русија презема мерки за да ја обезбеди безбедноста на инфраструктурата на гасоводите , пренесува Танјуг.