[ФОТО] Играчот кој преброди голема голгота во Јунајтед доби нов договор од клубот: Ова е голема чест

Дерби

07/04/2026

13:43

294

Големина на фонт

а а а

Хари Мегваер надмина голем број предизвици и период во кој беше сериозно исмеван како капитен на Манчестер Јунајтед, но откако ја преброди целата криза, стоперот покажа неверојатен карактер и сега е еден од најважните играчи во тимот на Мајкл Карик.

Искусниот дефанзивец имаше важечки договор со Јунајтед до крајот на оваа сезона и постоеше опција да си оди како слободен агент, но тоа повеќе не е во игра откако клубот му понуди нова соработка.

Манчестер Јунајтед со големо задоволство информираше дека Мегваер останува на „Олд Трафорд“ до јуни 2027-ма година, со опција договорот да биде продолжен за уште една година.

– Претставувањето на Манчестер Јунајтед е најголема чест за мене. Тоа исто така е одговорност кој ме прави горд мене и моето семејство. Пресреќен сум што го продолжувам мојот престој во овој неверојатен клуб и што осма сезона ќе играм пред навивачите на Јунајтед.

– Може да се почувствува амбицијата и потенцијалот на овој возбудлив состав. Решителни сме сите во клубот да се бориме за големи трофеи и уверен сум дека нашите најдобри заеднички моменти се пред нас, – изјави Мегваер.