Нови закани во ескалацијата: Иран ги посочи израелските гасни полиња како мети

Макфакс

07/04/2026

21:16

342

Големина на фонт

а а а

Гасните полиња Кариш и Танин, лоцирани покрај израелскиот брег во источниот Медитеран, се наведуваат како можни цели на ирански напади доколку се реализираат заканите на Доналд Трамп за уништување на иранската инфраструктура.

Во документ дистрибуиран од иранската државна телевизија Press TV се посочуваат четири точки, меѓу кои и гасните полиња Кариш и Танин како потенцијални мети.

Трамп постави рок и се закани дека ќе ги уништи сите мостови и електрани во Иран доколку Техеран не го отвори Ормускиот теснец и не постигне договор.

Ескалацијата продолжува откако САД и Израел започнаа офанзива против Иран на 28 февруари. Техеран возврати со напади со дронови и ракети врз повеќе земји во регионот, предизвикувајќи жртви, штети на инфраструктурата и нарушувања на глобалните пазари и авијацијата.