ОАЕ: Излегуваме како победници од војната

Макфакс

08/04/2026

11:08

327

Големина на фонт

а а а

Советникот на претседателот на Обединетите Арапски Емирати изјави дека неговата земја излегла како победник од војната откако беше прогласено примирјето меѓу САД и Иран.

„Победивме преку епска национална одбрана што го заштити суверенитетот и достоинството и ги зачува нашите достигнувања наспроти подмолната агресија“, рече Анвар Гаргаш.

„Денес, продолжуваме напред и се движиме низ сложена регионална средина со поголемо влијание, поостар увид и посилна способност да влијаеме и да ја обликуваме иднината“, додаде тој. Тој, исто така, истакна дека „силата, отпорноста и непоколебливоста дополнително го зајакнаа моделот на развој и реконструкција на ОАЕ“.

Министерството за одбрана на ОАЕ редовно објавува податоци за пресретнатите ирански напади од почетокот на војната. Најновото ажурирање, објавено во вторник, вели дека се пресретнати 2.221 беспилотни летала, 26 крстосувачки ракети и 520 балистички ракети.