И покрај примирјето, танкерите сè уште чекаат пред Ормускиот теснец

Макфакс

08/04/2026

11:26

196

Големина на фонт

а а а

И покрај објавата за примирје меѓу Соединетите Американски Држави и Иран, поморскиот сообраќај низ Ормуски теснец останува минимален.

Танкерите сè уште чекаат, бидејќи бродските компании и осигурителите бараат дополнителни гаранции за безбедност пред да го обноват сообраќајот.

Експертите велат дека примирјето е само прв чекор и дека нормализацијата нема да биде веднаш. Клучен момент ќе бидат првите бродови што ќе ја тестираат рутата без инциденти.

Од почетокот на конфликтот, Иран нападнал најмалку 19 бродови во регионот, а блокадата сериозно ги нарушила испораките на нафта и глобалните пазари.

Иран најави дека безбеден премин ќе биде можен со координација со неговите вооружени сили, додека според извештаи, за време на примирјето може да се наплатува транзит низ теснецот.