Кикбоксерот Стефан Михајловски вчера беше меѓу лауреатите во изборот на Сојузот на спортови на Скопје и Град Скопје за најдобри спортисти во 2025 година, а денеска гостуваше во студиото на Спортското радио 90.3.
Михајловски стигна до признанието благодарение на вицешампионската титула од последното Светско првенство, а во ова интервју најави и кои се неговите следни предизвици во професионалната кариера.
– Чест беше да се добие наградата и што бев дел од најдобрите спортисти за минатата година, а таа помина одлично за мене на спортски план бидејќи освоив второ место на СП во Абу Даби.
– По три победи, за жал бев поразен на четвртиот настап на тоа првенство, но ќе се стреман во следното издание да стигнам и до златото.
– Сега сум фокусиран на претстојното Европско првенство и таму ќе се обидам да стигнам до златниот медал, – вели Михајловски.
Целиот разговор со Михајловски може да го слушнете на следниот ЛИНК.








