Европскиот шампион ПСЖ стекна убава предност пред реваншот против Ливерпул на „Енфилд Роуд“ кој се игра веќе следната седмица, а гостите од Англија дефинитивно можат да бидат задоволни што се враќаат дома со само два гола во мрежата.
„Светците“ доминираа во секој поглед и тие беа задолжени за најинтересните моменти на натпреварот, на кој гостинскиот тренер Арне Слот се одлучи и за промена на формацијата.
Холанѓанецот реши да прави тактичка претумбација и почна со пет дефанзивци во стартниот тим, но наместо да добие стабилност и добар баланс во одбрана, Ливерпул изгледаше целосно инфериорно во однос на ривалот кој не дозволи ниту еднаш да биде загрозен неговиот гол.
Изненаден од изборот на Арне остана и Луис Енрике, кој по победата од 2:0 говореше и за изборот на колегата од спротивната страна.
– Останав изненаден од изборот на Слот, бидејќи првпат го гледам да игра со тројца стопери и двајца дефанзивци во својот тим оваа сезона. Тоа покажува дека тимовите се обидуваат да направат нешто ново против нас, но тоа е нормално. Навикнати сме ривалите да се адаптираат на нашата игра и немаме проблем со тоа. Целта е исполнета на првиот меч, сега одиме на победа и на вториот натпревар, – изјави Луис Енрике.








