Овие светски ѕвезди денеска го слават Велигден: Од Џенифер Анистон до Ким Кардашијан

Точка

12/04/2026

11:34

900

Големина на фонт

а а а

Денеска, на 12 април, покрај бројни домашни познати личности, Велигден го одбележува и дел од светската јавна сцена.

Меѓу нив се Џенифер Анистон, членовите на семејството Кардашијан, Том Хенкс, Наоми Кембел и други.

Католичкиот Велигден, на пример, актерката Џенифер Анистон го прослави на 5 април со својот партнер Џим и со најблиските. Како што пренесоа медиумите, Анистон, чиј татко Џон Анистон е роден како Јанис Анастасакис на Крит, Велигден го одбележува и според православниот календар, бидејќи од него наследила и дел од верското воспитување.


Клои, Ким и Кортни Кардашијан имаат ерменски корени, а Ким во 2019 година ја посети Ерменија со своите деца, каде што ги крсти, додека и самата тогаш ја прими православната вера. На социјалните мрежи тогаш објави дека крштевањето било извршено во манастирот Ечмијадзин, кој ѝ припаѓа на традицијата на Ерменската апостолска црква. Оваа црква припаѓа на ориентално-православната традиција и се темели на специфична миафизитска христологија.


Актерката Мила Јовович претходно откри дека Велигден го поминува исклучиво во семејна атмосфера, со посебни обичаи што ги пренесува и на своите деца. Таа ги научила меѓусебно да се поздравуваат на нејзиниот мајчин јазик, а потоа и да се чукаат со јајца.

Нејзиниот колега Кристијан Бејл исто така се најде на листата познати личности кои го прифатиле православието по бракот со Сандра Сиби Блажиќ, која има српско потекло.


Според наводите и Том Хенкс му се приклонил на православието поради сопругата Рита Вилсон, па празникот го одбележува во согласност со таа традиција.

Меѓу музичарите кои се поврзуваат со православието е и Дејв Ган од групата „Депеш Мод“, кој верата ја прифатил поради својата сопруга Џенифер Скилијаз, која е со потекло од Грција.

Супермоделот Наоми Кембел, според претходни информации, преминала во верата на Руската православна црква за време на врската со рускиот бизнисмен Владислав Доронин. Нивната врска започнала по средбата на Филмскиот фестивал во Кан, а Доронин, кој често го нарекувале „рускиот Доналд Трамп“, тогаш бил во процес на развод од сопругата Екатерина, со која бил во брак од 1988 година.