„Закербот“ станува реалност: „Meta“ прави дигитален клон на Марк Закерберг

Точка

14/04/2026

23:01

248

Големина на фонт

а а а

„Meta“ наводно креира "AI" верзија на својот основач и извршен директор Марк Закерберг, која е дизајнирана за интеракција со вработените во компанијата.

Проектот има за цел развој на фотореалистична, 3Д верзија на Закерберг управувана од вештачка интелигенција, која може да води разговори во реално време, со цел вработените да се чувствуваат поповрзани со основачот.


Доколку извештаите се точни, ќе биде интересно да се види што ќе создаде "AI" обучена на личноста на „Закербот“, имајќи ја предвид долгогодишната шега дека Марк Закерберг е робот или вонземјанин кој се преправа дека е човек. Оваа репутација произлезе од неговиот поглед без трепкање и безизразниот начин на говор за време на сведочењето пред Конгресот во 2018 година, поврзано со скандалот со „Cambridge Analytica“. Не помага ни тоа што Закерберг и самиот се пошегува на таа тема додека се обидуваше да објасни како се справува со притисокот на работа за време на јавен разговор во 2014 година.


Оваа дополнителна "AI" алатка се надоврзува на минатомесечните вести дека Закерберг развива и „"AI" агент“ кој би му помагал во извршувањето на работните обврски, за што прв извести „Wall Street Journal“. Тој агент наводно би извршувал задачи како пронаоѓање одговори наместо него, но засега нема многу детали за овој проект кој сè уште е во фаза на развој.