Сестрите Нејдер, кои наскоро би можеле да ги засенат славните убавици Кардашијан-Џенер, се појавија во Лос Анџелес и воодушевија со својот изглед.
Контроверзната убавица Брукс Нејдер се појави на црвениот килим заедно со своите сестри Сара Џејн и Мери Холанд. Ова појавување доаѓа веднаш по изјавата на Глеб Савченко, во која откри пикантни детали од спалната соба додека бил во врска со Брукс.
Нејдер не се огласи во врска со тоа, но со својот провокативен изглед кажа доволно.
За доделувањето на модните награди во Лос Анџелес, Брукс избра тесен долг фустан без прерамки, кој совршено ги истакна нејзините гради, додека нејзините сестри беа подеднакво провокативни.

Мери избра светол фустан со набори и многу длабоко деколте, додека Сара се појави во црно-бел фустан до колена, а секако и нејзините гради беа во прв план.
Нивните фотографии брзо станаа главна тема на социјалните мрежи, а многумина порачаа дека сестрите Нејдер се достојна конкуренција на сестрите Кардашијан-Џенер.