Зидан експресно одбил да се врати во Реал

Макфакс

17/04/2026

10:12

175

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид сезоната ќе ја заврши без освоен трофеј. Јасно е дека цехот ќе го плати тренерот, во овој случај, тоа е Алваро Арбелоа. Реал испадна од шпанскиот Куп, во средата не успеа да се пласира во полуфиналето, во Лигата на шампионите, а извесно е дека во финишот на сезоната не може да ја достигне предноста од девет бода колку што изнесува предноста на водечката Барселона.

„Една сезона без трофеј е неуспешна, две такви сезони е вистинска катастрофа“, наводно рекол првиот човек на Реал, Флорентино Перез, по елиминацијата од Баерн во средата.

Според шпанските медиуми, Перез, веднаш по елиминацијата, влегол во соблекувалната, каде одржал жесток говор. Поштеден бил само Арда Гулер, стрелец на два од трите гола во Минхен. Перез им порачал на играчите дека многумина нема да бидат дел од екипата наредната сезона.

Откако завршил со фудбалерите, имал телефонски разговор со Зинедин Зидан. Зизу, како тренер оствари брилијантни резултати со Реал.

Но, Перез добил експресно „не“ од Зидан. Легендата има поинакви планови, тој ќе седне на француската клупа, вднаш по завршувањето на Светското првенство, кое од 11 јуни до 19 јули ќе се одржи во САД, Мексико и Канада.

Перез сега оа да бара други решенија, медиумите шпекулираат со имињата на Јирген Клоп, Дидие Дешан и Маурисио Покетино. Според овие извори, од списокот, поради младоста, отпаднале Јулијан Нагелсман и Сеск Фабрегас.