Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски реагираше по најавата за интерпелација од страна на Социјалдемократски сојуз на Македонија, оценувајќи дека станува збор за „нелегитимен потег“.
Реакцијата доаѓа откако пратеникот Љупчо Николовски соопшти дека СДСМ поднел интерпелација поради, како што наведе, корупција и колапс во земјоделството.
„Љупчо Николовски се јави, навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене!“, напиша Трипуновски, додавајќи дека Николовски „политички не постои“, а СДСМ, како партија е инвентар и полека исчезнува.
Љупчо Николовски се јави,навистина се јави. Кој за што, Љупчо за мене!
Нејсе, да му одговорам. Политички непостоиш, а...
Posted by Цветан Трипуновски on Friday, April 17, 2026
Министерот оцени дека „рејтингот им паѓа толку ниско што го пробива секое дно“, а интерпелацијата ја нарече „толку нелегитимна како што Николовски е нелегитимен во СДС“.
„Интерпелацијата ќе биде исто толку неуспешна како твојот мандат како министер за земјоделство“, додаде Трипуновски.
Во реакцијата тој оцени дека иницијативата е „безначајна“, споредувајќи ја со, како што наведе, „заплената на 30 килограми путер“.







