Филипче-Санчез: Прогресивните сили мора да дејствуваат заеднички

Макфакс

18/04/2026

15:14

181

Големина на фонт

а а а

Претсеседателот на СДСМ, Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка и пријателска средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

На средбата Филипче и Санчез разговараа за актуелните предизвици со кои се соочуваат прогресивните сили во Европа и потребата од силна соработка, солидарност и заеднички одговори во време на неизвесност.

Во рамки на конференцијата во Барселона, во организација на Партијата на европски социјалисти (ПЕС), имав кратка и...

Posted by Венко Филипче on Saturday, April 18, 2026

„Ваквите контакти се важни за зајакнување на позицијата на нашата земја и за градење партнерства со лидери кои споделуваат исти вредности – социјална правда, економски развој и европска иднина”, вели Филипче во објавата на социјалните мрежи.