„Дали Филипче им раскажа на ПЕС како ја славеше победата на Тиса во Унгарија“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

20/04/2026

09:40

152

Големина на фонт

а а а

„Филипче пред некој ден беше на средба на Партијата на европски социјалисти во Барселона, па логично е да се праша како им раскажа таму дека цела недела ја славеше победата на политичката партија во Унгарија, Тиса? Иронијата е повеќеслојна и јасно е каде се наоѓа СДС во моментов. Очајни за добри вести, без разлика од каде доаѓаат“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Славеше победа на партија која е сестринска на ВМРО-ДПМНЕ, додека сестринската партија на СДС на тие избори освои 1% од гласовите.

Можеби подобро ќе биде за СДС, Филипче да се фокусира помалку на меѓународен план и повеќе на самата партија која секој ден се повеќе ја губи довербата.

Домашните резултати на СДС зборуваат сами за себе, со тоа што партијата доживеа катастрофален пораз и на парламентарните избори во 2024 година како и на локалните избори минатата година, а се сведе и на 130 илјади гласови.

Ситуацијата внатре во партијата не е подобра. Откако стана јасно дека нема да има сериозни внатрешни реформи, поранешни функционери јавно проговорија за незадоволството, а откако се скараа и со новинари и со медиуми, јасно е дека на следните избори СДС ќе биде и под 100 илјади гласови.

Немаат програма, немаат што да понудат, па затоа слават туѓи победи како да придонеле во истите, на партии од други држави кои немаат никаква врска со нив, и ова само по себе кажува доволно за тоа каде е денес СДС и каде води патот по кој чекори“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.