Вејн Руни беше критички настроен кон ѕвездите на Манчестер Сити и ги нападна за начинот на кој ја славеа победата над Арсенал, предупредувајќи дека тоа може да им се удри од глава на крајот од сезоната.
Најдобриот голгетер во историјата на Манчестер Јунајтед нагласи дека прославата на „граѓаните“ биле претерана и изгледала како да освоиле нешто големо, па бидејќи оваа изјава на Руни предизвика доста реакции во јавноста, со свој коментар се јави и Пеп Гвардиола.
Шпанскиот стручњак одработи стандареден прес пред натпреварот со Барнли, а на истиот нагласи дека Руни зборува глупости.
– Луѓето можат да зборуваат секакви глупави работи какви што ќе помислат. Моите играчи славеа така поради тоа што му даваат голема вредност на противникот.
– Момците знаеја дека ќе се збогуваа со титулата ако не победеа. Победивме и сега се уште сме во трката, зошто не би славеле такво нешто? Секогаш ги почитуваме ривалите и противничките фанови, но секој прославува онака какошто сака. Тоа беше како финале за нас и секако дека мора да прославите после таква победа. Зборував за тоа со играчите и сега тоа е оставено зад нас, – изјави Гвардиола.







