Крос го најави полуфиналето со ПСЖ: Баерн не смее да ја повтори истата грешка од реваншот со Реал

Дерби

22/04/2026

12:45

218

Големина на фонт

а а а

Тони Крос се претвори во легенда на Реал Мадрид и самоволно се дистанцираше од Баерн Минхен каков негов омилен клуб, но и покрај тоа, Германецот се уште негува симпатии кон баварците, кои во минатата рунда го елиминираа токму неговиот најсакан клуб.

Баерн го победи Реал во двомечот и обезбеди полуфинале во Лигата на шампиони, а бидејќи изминатиот викенд беше обезбедена титулата во Бундеслигата, баварците се сериозно во игра за триплета.

Убедливо најтешко ќе биде да се победи ПСЖ во двомечот во Лигата на шампиони и подоцна да се стигне до трофејот, но за да се случи такво нешто, Крос вели дека тимот на Баерн ќе мора да коригира една важна работа од реваншот со Реал.

Баерн играше со голем ризик и со високо поставена дефанзивна линија, па при резултат 2:3, Реал не искористи неколку добри контри да го матира Нојер и да стигне до предност во двомечот.

Таквиот пристап знае да биде погубен во најелитното европско натпреварување, а Крос смета дека тоа посебно може да дојде до израз против ПСЖ.

– Баерн не смее да ја повтори истата грешка од реваншот со Реал. Ќе мора да се брани подобро од тоа што се бранеше против Реал. ПСЖ може да биде поефикасен од Реал во транзиција. Баерн се бранеше со голем ризик на двата натпревари со Реал, а тоа посебно беше случај на вториот меч. Реал можеше повеќе да ја казни таквата игра, но не успеа во тоа.

– Ако Баерн прилагоди некои работи во својата игра, според мене има добри шанси за финале. Според мене, шансите се 50-50. ПСЖ е бранител на титулата и со оглед на актуелната форма, станува збор за двата најдобри тима во Европа, – изјави Крос за „Скај“.