Министерство за внатрешни работи преку Одделот за организиран криминал при Бирото за јавна безбедност, денеска спроведе координирана акција во рамки на истрага за сомнежи за нелегални медицински третмани и дистрибуција на нерегистрирани препарати.
Според неофицијални информации, акцијата е реализирана на повеќе локации низ државата со цел разоткривање на мрежи кои вршеле недозволени медицински интервенции и пласирале препарати без соодветна регистрација.
Исто така според неофицијални информации акцијата опфаќа лекари и лица од повеќе здравствени установи, како дерматолози кои работат во ГОБ „8 Септември“, лица од Клиниката за дерматологија и лица од приватен естетски центар.
Од надлежните институции засега не се соопштуваат детали за идентитетот на лицата опфатени со истрагата, која сè уште е во тек.







