Маѓар по средбата со фон дер Лајен: Разговорите за замрзнатите милијарди беа крајно успешни

Макфакс

29/04/2026

21:17

167

Големина на фонт

а а а

Победникот на унгарските избори, Петер Маѓар, изјави дека имал крајно конструктивни и успешни разговори со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за замрзнатите европски средства за Унгарија.

Тој најави дека милијардите евра блокирани поради загриженоста на Брисел за владеењето на правото и корупцијата во времето на владата на Виктор Орбан би можеле наскоро да бидат одмрзнати.

„Европската Унија не поставува услови што би биле спротивни на интересите на нашата земја“, порача Маѓар по средбата.

И фон дер Лајен потврди дека разговорот бил многу добар, додавајќи дека се дискутирало за чекорите потребни за деблокирање на средствата.

Маѓар најави дека кон крајот на мај повторно ќе отпатува во Брисел за да го финализира политичкиот договор.