Три салати кои совршено одат со скара: Покрај нив и месото, ништо повеќе нема да ви биде потребно

Точка

30/04/2026

16:13

206

Големина на фонт

а а а

Нутриционистите се согласуваат дека месото од скара е поздрава варијанта на месо. Зошто? Затоа што не се пржи во масло, а поради специфичниот начин на подготовка целиот вишок маснотии се топи и останува чист протеин потребен на секој од нас.

Клучно е да не се претерува. Но, постои и една напомена од нутриционистите: со месото задолжително да се јаде зеленчук кој ќе ги неутрализира маснотиите од месото.

Поради тоа ви предлагаме три салати што можете да ги подготвите додека месото се пече, па освен тоа ништо друго нема да ви биде потребно на празничната трпеза овој 1 Мај.

3 салати кои совршено одат со месо на скара:

Грчка салата

Основни информации:

Кујна: грчка

Време на подготовка: 10 минути

Број на порции: 4

Број на калории: 330


Потребни состојки:

2 домати

2 краставици

2 црвени пиперки

2 зелени пиперки

1 главица кромид (виолетов)

дланка зелени маслинки

дланка црни маслинки

1 лажица маслиново масло

сол, суво оригано

коцка фета сирење

Подготовка:

Целиот зеленчук добро измијте го, исечкајте го ситно, зачинете и додадете го фета сирењето.

Витаминска салата

Основни информации:

Кујна: интернационална

Време на подготовка: 15 минути

Број на порции: 4

Број на калории по порција: 220


Потребни состојки:

1 главица млада зелка

3 моркови

1 цвекло

сол, бибер, јаболков оцет, маслиново масло

Подготовка:

Целиот зеленчук изрендајте го ситно, потоа измешајте го и зачинете по желба.

Цвекло со козјо сирење и ореви

Ако за првомајските празници во вашето друштво се најде некој вегетаријанец, оваа салата ќе ја спаси трпезата.

Основни информации:

Кујна: интернационална

Време на подготовка: 20 минути

Број на порции: 4

Број на калории по порција: 420


Потребни состојки:

4 поголеми цвекли

200 грама печени ореви

1 коцка (околу 200 грама) козјо сирење

сол, бибер, маслиново масло, јаболков оцет, свеж магдонос

Подготовка:

Сварете го цвеклото, потоа излупете го и исечете го на коцки.

Лесно препечете ги оревите, па додадете ги во цвеклото.

Исечкајте го магдоносот и додадете го во цвеклото.

Додадете го сирењето, маслиновото масло, солта, биберот и јаболковиот оцет, измешајте и послужете.