Само Албанците го сакаат Канје Вест? Европа му го сврте грбот, а во Тирана го очекуваат со нетрпение – му градат и концертен стадион

Точка

30/04/2026

19:10

346

Големина на фонт

а а а

Канје Вест попознат како Је, ќе одржи концерт на 11 јули во Тирана. По серијата откажувања на концерти низ Европа, па дури и забрана воопшто да влезе во некои земји како што е, на пример, Франција, на раперот му преостанува да промовира настапи во земји кои, засега, немаат намера да му „удрат“ каква било забрана.

Како што пишуваат медиумите, поради Канје Вест во Албанија ќе биде изграден и посебен стадион „Игл“ со капацитет од 60.000 места. Организаторите истакнуваат дека станува збор за уникатен концертен спектакл кој ја става земјата на мапата на големи меѓународни музички настани.

Инаку, стадионот „Игл“ е привремен објект кој се гради исклучиво за овој настан. Ќе се наоѓа покрај автопатот Тирана–Драч, на околу два километри од градот, и е замислен да обезбеди уникатно опкружување.

Рама информацијата ја објави на својот фејсбук-профил, каде сподели видео од концерт на музичарот со кратка порака: „11 јули во Тирана“. Објавата веднаш го привлече вниманието на јавноста и ја потврди најавата дека Албанија ќе биде дел од европската турнеја на Вест.

Настапот е потврден и на официјалната веб-страница на артистот, каде стои дека концертот ќе се одржи на стадионот „Арена Комбетаре“ во Тирана, кој има капацитет од околу 22.500 гледачи за спортски настани.

За разлика од Албанија, неколку европски земји во изминатиот период ги откажаа планираните настапи на Вест поради неговите контроверзни изјави во јавноста. Меѓу првите откажувања беше настапот на фестивалот „Вајрлес“ во Лондон, каде повлекувањето на спонзорите и реакциите во јавноста доведоа до целосно укинување на фестивалот за 2026 година. Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека раперот „никогаш не требало да биде поканет“.


Проблемите продолжија и во други европски држави. Француските власти ја преиспитуваа можноста за одржување концерт во Марсеј, по што самиот Вест одлучи да го одложи настапот „до понатамошно известување“. Набрзо потоа, откажани или стопирани беа и планираните концерти во Полска и Швајцарија.

Според актуелниот распоред на турнејата, Вест најпрво ќе настапи во Њу Делхи на 23 мај, потоа во Истанбул на 30 мај, по што следуваат два концерта во Арнем, Холандија. Европската турнеја потоа продолжува со Тирана, Милано и Мадрид, а ќе заврши во Алгарве, Португалија, на 7 август.