Ивана Кнол моментално е во Мајами, каде што присуствувала на трките од Формула 1, а веќе на почетокот на своето појавување успеала да создаде возбуда, барем на социјалните мрежи.
Хрватската навивачка Ивана Кнол привлече големо внимание на Формула 1 во Мајами, што не е ни чудо кога ќе се земе предвид дека во 2022 година беше прогласена и за најсекси навивачка на Светското првенство. Нејзините фотографии на социјалните мрежи редовно предизвикуваат коментари.
Сега Ивана ужива во Мајами, а видеото во кое се појавува и таа стана вирално за само неколку минути.
Британскиот „Скај Спортс“ правел анализа со светскиот шампион од 2009 година, Џенсон Батон, поранешната возачка Наоми Шиф и водителот Сајмон Лазенби.
Во еден момент, вниманието на снимателот го одвлече Ивана Кнол, која поминуваше покрај гостите на „Скај Спорт“, а во тој момент снимателот ја насочи камерата кон неа.

Како и обично, Ивана беше повеќе од предизвикувачка за секој спортски настан. А, овојпат носела кратки шорцеви и маица, а снимателот се погрижил да ја „фати“ реакцијата на еден од механичарите на тимот на Мекларен.



