Иванка Трамп се погрижила сите погледи да бидат насочени кон неа, а нејзиниот сензационален фустан брзо станал тема на денот.
Минијатурниот црн фустан во кој се појавила „првата ќерка“ Иванка Трамп го оставил Мајами без здив.

На престижниот настан „American Express Carbone Beach“ во Мајами, Иванка (44) ги привлекла сите погледи со моден избор што не може да се нарече поинаку освен смел и апсолутно беспрекорен.
Поранешната советничка во Белата куќа, претприемачка и мајка на три деца се појавила во исклучително краток црн мини фустан, кој го истакнал секој сантиметар од нејзината витка фигура.
Смелата креација била украсена со кристални детали долж деколтето и работ на фустанот, а тенката линија со сребрен сјај совршено го балансирала минимализмот на црната ткаенина со гламурот за вечерни пригоди.

Со овој заводлив фустан носела црна „клач“ чанта со дискретен дизајн и стилето потпетици со проѕирни детали на врвот – избор што визуелно ѝ ги издолжил нозете до „бескрај“ и на модната комбинација речиси ѝ дал димензија на црвен килим.

Од друга страна платинесто русата коса ѝ била пуштена, што е во контраст со темната боја на фустанот и делува речиси драматично.

Без многу напор Иванка била елегантна, а сепак недвосмислено провокативна и совршено балансирала меѓу софистицираноста и сензуалноста — онака како што ретко кому му успева при вечерно излегување во Мајами.

Паровите доаѓале и си заминувале, но Иванка, без оглед на придружбата на сопругот Џаред Кушнер, кој носел лежерен стајлинг, вклучувајќи и патики „Најк“, без сомнение била ѕвезда на вечерта.