Поднесена кривична против четири малолетнички за насилството врз девојчето во Ѓорче Петров, кривична утре и за родителите, најави МВР

Макфакс

04/05/2026

14:29

254

Големина на фонт

а а а

Полицијата поднесе кривична пријава против четири малолетнички (една 17- годишна и три 14-годишни) сите од Скопје, поради насилство.

„Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од настаните биле објавени на социјална мрежа“, соопшти МВР.

Кривичната пријава е доставена до Обвинителството и се постапува согласно Законот за правда за децата.

Во текот на утрешниот ден (05.05.2026), полицијата ќе поднесе кривична пријава и против родители на инволвираните малолетници.